Designed by Сайт города Читы

Софија - градот кој расте а никогаш не старее - Предлог места за посета

Софија  е главен град на Бугарија и е главниот административен , економиски и културен центар на земјата. Софија го носи името на доцно античката катедрала на градот “Света Софија” , а бидејќи Светата маченица Софија е мајка на Верата, Надежта и Љубовта, празникот на светиците е 17 септември, се слави како денот на Софија,а исто така се слави и 4 јануари, кога 1878 година руските војници го ослободиле градот од турско владеење. Старото име на градот е Сердика. Во моментов, во градот има население од 1.250.000.

Предлог места за посета:
На следниов линк може да ги погледнете локациите на позначајните знаменитосити на Софија: https://drive.google.com/open?id=1XzJk2hAqcXqNCuUHXPPRN0xmtgShfJjy&usp=sharing 

  • Катедралната Црква Александар Невски. http://www.cathedral.bg/en/home/ По големина втора најголема катедрала на Балканот со капацитет од 5,000 луѓе. Почната е со изградва веднаш после ослободувањето на Бугарија од турското ропство во 1882 година. Таа е и катедрала на Бугарската Патријаршија. Посветена е на рускиот светец Александар Невски и сите руски војници загинати во Руско-Турската војна за ослободвуање на Бугарија.
    Влез е слободен.

  • Црквата Св. Ѓорѓија - Родонда. http://svgeorgi-rotonda.com/index.php/bg/ Се смета за најстарата црква во Софија, изградена во IV век од нашата ера. Ранохристијаската црква Св. Ѓорѓија се наоѓа во срцето на Софија, близу Председателската палата и Националниот археолошки музеј. Ја препорачуваме за посета заради зачуваните фрески од 10ти век, целокпната архитектонска автентичност. За време на турското вледеење црквата била претворена во џамија. Денес црквата е под заштита на УНЕСКО.

  • Булевар "Витоша". Најживата, најпосетуваната улица како од локалното население така и од туристите. Со многу продавници, кафетерии, ресторани... и со секогаш прекрасен поглед кон планината Витоша. Направете слика со "Щастливеца" еден од најпознатите Бугарски автори - преродбенци кој во своите дела ја изразли својата љубов кон градот Софија, Витоша...

  • Црквата "Св. Софија" една од најстарите цркви во градот, која датира од IV век од нашата ера. По црквата "Св. Софија" и градот го добил името во 14ти век.

  • Црквата "Бојана" http://www.boyanachurch.org/galerybg.htm изградена во повеќе етапи почнувајќи од X век. Црквата е под заштита на УНЕСКО. 
    Се наоѓа на падините на планината Витоша. Црквата вреди да се посети заради зачуваниот фреско-живопис. Слободен влез секој Понеделник. Влезница во другите денови е 5 еур.

  • Планината Витоша. Највисокиот врв е Черни Врх 2290 м надморска висина. Пружа можност за многу прошетки низ планината, многу патеки кои се добро обележани, можност да се искачите до највисокиот врв , делумно со жичарата која поаѓа во близина од Софија Ring Mall. https://www.vitoshaski.com/lifts/prices  Преку зимата нуди и можност за скијање иако нема хотели со повисока категорија. Цената на гондола лифт повратен билет чини 8 еур за возрасни 6 еур за деца до 12 години (информација Јануарии 2020)

  • Археолошки музеј http://naim.bg/en/content/category/300/54/ 
    Музејот се наоѓа во некогашната џамија од турскиот период. Лоциран е во центарот на Софија. Содржи богата колекција на статуи, накити, керамика од различни период од историјата на Бугарија. Тука се изложени и златните маски и артефакти најдени во село Требеништа, Охридско. Влезница 5 еур (инфо Јануари 2020) 

  • НДК - Националната палата на културата. Изградена во 1981 од Људмила Живкова, ќерката на Тодор Живков (некогашен председател на Бугарија) е конгресна, изложбена сала, една од најголемите во Југо-источна Европа. Доминира со специфичната градба и големина и е еден од симболите на градот.

  • Театарот "Иван Вазов" https://www.nationaltheatre.bg/bg . Вреди да се посети само заради нејзината екстравагантна барокна надворешност. Изграден од Виенски архитекти во 1909 година. Во близина е и мал парк со многу улични музичари, изведувачи... Секако доколу имате време препорачуваме и да присутвувате на некоја представа.
  • Лавов и Орлов мост

  • Борисова Градина - Најголемиот парк во центарот на Софија. Нуди можмност за бегство од динамичната Софија, можност за прошетки, одмор... 
    Тука се наоѓа и стадионот на фудбалскиот клуб Левски. Еден од двата клуба на градот (другиот е ЦСК).

  • Музеико http://muzeiko.com/bg Предлог за фамилии. Научен центар на површина од 2000м2. Професионални аниматори на интересен и интерактивен начин ќе ви понудат интересно поминато време со вашите деца (и за возрасни)...

  • Синагогата https://www.sofiasynagogue.com/en/home/ Во склоп на Синагогата се наоѓа музеј посветен на Евреите од Бугарија.

  • Џамијата Бања Баши. https://www.grandmufti.bg/bg/galeriya/dzhamii-i-hramove/category/102-djamii-v-rm-sofia.html Лоцирана во центарот на Софија, во близина на Синагогата. Еден од најипресивните споменици од Отоманската кулутра. Дизајнирана од еден од најпознатите архитекти во Отоманската империја Мимар Синан. Завршена е со изградба во 1566 година. Името Бања Баши значи - многу бањи - нешто по кое Софија е и ден денес позната - мноштвото природни минерални извори. 

  • Музејот-парк Врана. http://www.park-vrana.com/ Бјгарскот Лувр, дворецот на Бугарскиот Цар Симеон II кој бил цар на Бугарија од 1943-1946. Отворен за посета само во викендите. 

  • Минералните извори во центарот на Софија и зградата на некогашните бањи. http://www.sofiahistorymuseum.bg/en/home Зградата воодушевува со својата архитетура во која се испрелетени повеќе стилови. Денес зградата не функционира како бања туку во еден нејзин дел е Регионалниот Историски музеј на градот. 
    Во близина на зградата и ден дене има извори со топла минерална вода, која Софијанци ја користат за пиење.

  • Скулптурата на Св. Софија заштитничка на градот 

  • Остатоците од Римскиот град - Сердика, во центарот на Софија. Видливи под нивото на модерна Софија. Ќе видите остатоци од главните римски улици, афитератарот...

  • Националната уметничка галерија https://nationalgallery.bg/ 

  • ЦУМ - Во времето на кумонизот најпопзнатиот шопинг молл за работничката класа. И денеска функционира како шопинг центар.

  • Зоолишка градина Софија. http://zoosofia.eu/

Сподели!

1663

Leave a comment

You are commenting as guest.