Designed by Сайт города Читы

Северен Кипар (авион од Скопје) 06/04-10/04 Препорака!

Велигден ! Северен Кипар (авион од Скопје) 06/04-10/04

Кипар е островска држава која се наоѓа на источниот дел од Средоземно море, во непосредна близина на Турскиот брег. На овој остров сеуште се присутни траги од древни цивилизации – Римска, Византиска и Венецијанска. Главна активност на островот се туризмот, трговијата на нивните пристаништа, извозот на облека и фармацевските производи. Кипар е членка на европската Унија со многу поволна географска положба и лежи во источниот медитеран, на раскрсница меѓу три континенти: Европа, Азија и Африка и е со површина од 9251 km2, и е трет по големина по Сицилија и Сардинија. Во Кипар има типична медитеранска клима со околу 340 сончеви денови во годината и притоа е најсончева држава во овој дел од светот.
Со својата богата историја, бројните летовалишта и разновидни плажи, Кипар секоја година привлекува се поголем број на туристи од целиот свет, пружајќи можност за одмор и провод за сите генерации.
   
1 ден
   СКОПЈЕ – KYRENIA
Состанок на групата во 08:55 ч. на скопскиот аеродром Александар Велики два часа пред полетување. Лет со компанијата “Pegassus Airlines” во 10:55 ч. до Истанбул и полетување за Ercan во 16:10 ч. Пристигнување на аеродромот Ercan (ECN) во Никосија во 17:45 ч. трансфер до избраниот хотел и сместување во хотелот.
2 – 5.ден
   
Појадок. Престој во избраниот хотел на база на избраната услуга, со 4 ноќевања. Можност за факултативни излети и екскурзии. Слободно време за индивидуални активности. Вечера во хотел. Ноќевање.
5 ден
   KYRENIA – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите и организиран трансфер до аеродром. Лет за Истанбул во 10:15 ч. Лет за Скопје во поставеното време17:00 ч.Пристигнување во Скопје во 17:30 часот.
OLIVE TREE HOTEL 4* 
https://en.hotelolivetree.com/ 

DENIZ KIZI ROYAL HOTEL 4*
https://www.denizkizi.com/ 
 
ХОТЕЛИ ТЕРМИН
06-10.04.2018
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО  1/2 СОБА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО  1/3 СОБА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА 1/1 соба ДОПЛАТА ЗА ДЕТЕ 0Д 0-2 ГОД. ДОПЛАТА ЗА ДЕТЕ 0Д 0-6 ГОД. ДОПЛАТА ЗА ДЕТЕ 0Д 7-12 ГОД.
OLIVE TREE HOTEL 4* BB
(ноќевање со појадок)
395 евра 384 евра 509 евра 35евра 309 евра 349 евра
HB 
(ноќевање со појадок и вечера)
435 евра 420 евра 540 евра 35 евра 309 евра 361 евра
DENIZ KIZI ROYAL HOTEL 4* HB
(ноќевање со појадок и вечера)
495 евра 470 евра 677 евра 35 евра 402 евра 402 евра
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Превоз со авион на релација Скопје – Ercan / Никосија – Скопје, со компанијата “Pegassus Airlines”.
  • Услуга на сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга према табелите во ценовникот.
  • Трансфер Аеродром – Хотел – Аеродром.
  • Организиран разглед со локален водич.
  • Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Aеродромски такси во износ од 3000 денари по лице и се плаќаат во агенцијата при уплата на аранжманот.
  • Задолжително патничко осигурување – 250 денари
  • Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Услови и начини на плаќање:
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 ден. за 1 евро.
  • При пријавувањето се уплаќа аконтација од минимум 30% од вкупната цена на аранжманот, а останатиот износ се плаќа најдоцна 15 дена пред поаѓање.
* * * ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ

Сподели!

30

Leave a comment

You are commenting as guest.