Designed by Сайт города Читы

Венеција-Верона-Милано (Автобус)

Венеција... град чудо, град од соништата кој плени со своите разнобојни палати, канали, тесни улички, безброј мовчиња, мали плоштади... Волшебниот Венецијански карневал и гондолата се симболи на Венеција.

Верона... асоцијација на љубовта позната по Шекспировата Ромео и Јулија

 

09.03  Поаѓање во 17.оо часот со  туристички автобус. Патот води преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

10.03 Пристигнување во Трст во утринските часови. Слободно време за шопинг и прошетка низ центарот на градот. Се продолжува за  Лидо Ди Јесоло. Сместување во хотел. Слободно попладне во Лидо Ди Јесоло со можност за посета на трговски шопинг центар. Ноќевање.

 11.03 Појадок. Целодневен излет со брод од Punto Sabione до Венеција и панорамско разгледување на градот: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждевата палата,мостот на воздишките,мостот Риалто, каналот Гранде. Слободно попладне за прошетка со можност за возење со Гондола- симболот  на Венеција. Враќање со брод во Лидо Ди Јесоло. Ноќевање.

 12.03 Појадок. Факултативен излет до Милано-градот на модата ,каде ќе се посе-

тат:катедралата Дуомо,галеријата Виторио Емануел 2-најстариот трговски шопинг центар, замокот Сфорцеско,Миланската Скала-најпознатата оперска куќа...и Верона - градот на Ромео и Јулија,каде ке се посетат: големата арена, куќата на Јулија, плоштадите Бра, Ербе и Дел Сињори,замокот Векио итн. Поаѓање за Македонија преку Словенија,Хрватска и Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

 13.03  Пристигнување во Македонија во утринските часови.

 

Цена  : 7600.оо денари

                                                                                                                                                      

  Во цената се пресметани следните услуги:

- автобуски превоз на дадената релација

- 2 ноќевања со појадок  во хотел со 3* во Лидо Ди Јесоло (Венеција).

- разгледување на Венеција

- лиценциран придружник на екскурзијата

 

  Во цената не се пресметани следните услуги:

- задолжително патничко здравстевно осигурување без франшиза(200 ден)  

- превоз со брод до Венеција од Punta Sabione (Лидо Ди Јесоло) - 10 евра

- целодневен излет до Верона и Милано - 20 евра

- влезници за културно историските споменици

 

  Напомена:  Рок на пријавување  до 25.02.2017 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Одисеа и СКТМ.

Сподели!

3

Leave a comment

You are commenting as guest.