Designed by Сайт города Читы

Венеција (Автобус)

1 ден (среда – 07.03.2018): БИТОЛА 

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 15.30 часот. Поаѓање за Италија во 16.00 часот. Патот води преку г.п Табановце, Ниш, Белград, Загреб... денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори и царински формалности.

2 ден (четврток – 08.03.2018): ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Пристигнување во Лидо Ди Јесоло, најпознатото летувалиште на италијанската обала на Јадранско море, во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуален разглед на летувалиштето, шопинг во локалните продавнички за облека и сувенири, забавување во бројните кафулиња. Ноќевање.

3 ден (петок – 09.03.2018): ВЕРОНА

Појадок. После појадокот, факултативен целодневен излет во Верона. Време за прошетка низ градот на вечната љубов, плоштадот Бра со Римската арена, виа Мацини – главната пешачка зона, плоштадот Ербе, столбот на срамот, куќата на Јулија, можност за шопинг и уживање во традиционалната италијанска кујна. Во доцните попладневни часови враќање во хотелот во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

4 ден (сабота – 10.03.2018): ВЕНЕЦИЈА 

Појадок. По појадокот одјавување од хотелот – факултативно – заминување за Пунта Сабиони (трансфер на брод) се до Венеција. Разглед на градот со стручен водич... Дуждевата Палата, мостот Риалто, плоштадот со црквата Сан Марко, мостот на воздишките, каналот Гранде... Во попладневните часови враќање со брод до Пунта Сабиони. Поаѓање кон Македонија. Попатно, посета на Outlet Palmanova и слбодно време за прошетки и шопинг. Ноќно и денско патување со попатни пазуи и царински формалности. 

5 ден (недела – 11.03.2018): БИТОЛА 

Пристигнување во Битола во доцните попладневни часови.

Цена на аранжманот: 6.980,00 денари

       - Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

Начин на плаќање30 % од износот при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, 5 дена до поаѓање.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 2 НП во хотел со 3 * во Лидо Ди Јесоло
  • Посета на Outlet Palmanova
  • Организација, водство и реализација на аранжманот

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на Верона – 10 € по лице (потребен е минимум од 30 лица)
  • Посета и разглед на Венеција (повратен билет за бродот кој води за Венеција од Пунта Сабиони и обратно + локален водич) – 25 € по лице  (потребен е минимум од 30 лица)
  • Патничкото осигурување

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Сподели!

3

Leave a comment

You are commenting as guest.