Designed by Сайт города Читы

Сплит-Дубровник-Шибеник-Трогир-Крка (Автобус)

1 ден 02.03.2017 Поаѓање од пред агенција во 19.00 часот со туристички автобус, преку Албанија, Црна Гора за Хрватска, ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 03.03.2017 Утрото пристигнување во Ц.Гора:Св.Стефан,Будва па преку Тиват со траект се преминува Бока-которскиот залив,па Херцег Нови се оди према Хрватска-Дубровник,околу пладне пристигнување во Сплит, сместување во хотел и краток одмор. Попладнето разгледување на Сплит со  локален водич: Диоклецијановата Палата, Катедралата на Свети Дује, плоштадот, Променадата - Рива...Ноќевање.

3 ден 04.03.2017 Појадок. Целодневен факултативен излет до: Трогир каде ќе се видатКатедралата Свети Ловре, палатата Чипико, тврдината Камерленго, кулата св. Марко... Примоштен едно од најубавите туристички места во Хрватска познат по прекрасни плажи, винови насади... Шибеник при што ќе се видат: Катедралата св. Јаков - која е под заштита на УНЕСКО а на 10 км. се најдува Националниот парк *Крка* со познатите слапови на реката Крка и нивна посета со вклучена влезница. Враќање во Сплит. Ноќевање.

4 ден 05.03.2017 Појадок. Слободно предпладне во центарот на Сплит. Поаѓање за Дубровник  преку,Гусарскиот град Омиш, па посета на Макарска-прошетка по преубавото шеталиште–Рива...долж ривиерата поминувајќи покрај многу убави летувалишта(Башка вода,Подгора)пристигнување во Дубровник разгледување на стариот дел на градот: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, Палатата Спонза, цр. Св. Влах, Катедралата и прошетка во  стариот дел на Дубровник. Потоа се продолжува преку Црна Гора и Албанија, ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 06.03.2017 Пристигнување во Македонија во утринските часови.

Цена: 7400.oo денари

 

Во цената се пресметани следните услуги:

- сместување во хотел со 3* на база 2 н/п

- разгледи на Сплит со локален водич,

- попатни посети на Макарска и Дубровник,

- организација и придружник на патувањето.

Во цената не е пресметано:

- патничко и здравствено осигурување - без франшиза - 200 ден

-факултативен излет со локален водич  до: Трогир, Примоштен,  Шибеник и влез во Крка-20 еур

- влезници за културно - историските споменици

 

Напомена: Рок на пријавување  до 25.02.2017 година.


Т.А. Одисеа Ви го честита денот на Жената “8 ми Март”

Сподели!

3

Leave a comment

You are commenting as guest.