Designed by Сайт города Читы

Прага-Виена-Карлови Вари (Автобус)

ПРАГА - Градот со стотина кули еден од најубавите градови во Европа, познат по најдобро пиво, пивници, архитектура , мостови, традиција...

09.03.2017 Поаѓање во 10.оо чacoт преку Србија, Унгарија, Словачка, ноќно возење со попатни паузи.

10.03 Пристигнување во Прага и  разгледување на Прага со локален водич: Старо место: Карловиот мост, споменикот на Карло IX, Еврејскиот кварт, Старомајскиот плоштад со Астрономскиот часовник - Орлои, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула,  Горниот град: дворецот  Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица и др.Сместување во хотел. Слободно време во Прага за индивидуални прошетки. Ноќевање.

11.03 Појадок.Факултативно излет до Карлови Вари - најпознат бањски центар во Чешка,  популарно одморалиште на европската аристократија и културната елита во 19 век. Прошетка покрај неоренесансните колонади, паркови кафеани и продавници.  Враќање во Прага. Вечерта Факултативна посета на Прашка пивница - ресторан. Ноќевање.

12.03 Појадок. Факултативен излет до дворецот Карлштајн - некогашна резиденција на Карло IX изграден во 14 век. Враќање во Прага. Попладнето поаѓање за Виена  и нејзина  посета -со прошетка во центарот на градот.Вечерта поаѓање за Македонија преку Будимпешта, Белград, ноќно возење со попатни паузи.

13.03. Пристигнување во Македонија во пладневните часови.

 

ЦЕНА: 7400.оо денари.

 

 Во цената се пресметани следните услуги:

- превоз на дадената релација со модерен туристички автобус 

- 2 ноќ. со појадок во хотел со 3* во Прага

- разгледување на Прага со локален водич    

- водство и организација на патувањето

   Во цената не се пресметани следните услуги:

- целодневен излет  до Карлови Вари (превоз и водич) - 20 евра

- излет до дворецот Карлштајн (превоз, водич и влез) – 20 евра

- вечера во пивница - ресторан - 25 евра

- влезници за посетите.и други неспоменeти услуги

- patni~ko i zdrastveno osiguruvawe - bez fran{iza - 200 den

Напомена: Пријавување до 25.02.2017 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување
Т.А. Одисеа Ви го честита денот на Жената “8-ми Март”.

Сподели!

3

Leave a comment

You are commenting as guest.