Designed by Сайт города Читы

Ниш-Нишка Бања-Соко Бања (Автобус)

Image result for nis square serbia

04.03 Поаѓање во 04.30 часот преку граничниот премин Табановце. Пристигнување во Нишка Бања,една од најлековитите бањи во Србија,со лесна прошетка низ прекрасниот парк уреден со фонтани,дрвореди и цвеќиња -едно од најомилените места за српските кралеви. Продолжување за Ниш - најголемиот град во Јужна Србија каде вреди да се посетат:Нишката Тврдина од 17 век,Череп Кулата соsидана со глави на српските востаници- (952 глави сега останати 58), нацистичкиот логор од II св. војна, казанџиското сокаче - стариот дел на градот од 18 век, споменикот на ослободителите на Ниш...Слободно време во центарот на градот. Продолжување за Соко Бања,сместување во студиjа и апартмани.  Вечерта факултативна посета на ресторан со музика. Ноќевање.

 

05.03Ден за доживување на убавините на Соко Бања, позната по рекреативниот и бањски туризам. Слободно време за прошетка низ прекрасниот парк во центарот на градот каде се наоѓа Милошевиот конак, турското купатило “ Амам “ од XV век... Попладнето поаѓање за Македонија поминувајќи покрај Бованското езеро и Алексинац и пристигнување во Прилеп во вечерните часови.

 

ЦЕНА2500.oo денари

 

Во цената е вклучено:

- автобуски превоз на дадената релација

- 1 ноќевање во Соко Бања, во студија и апартмани - секоја соба со TWC

- организација и придружник на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

- патничко здравствено осигурување - без франшиза - (100 денари)

- факултативна свечена  вечера во  ресторан (15 евра)

- влезници за културно историските споменици

 

 

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување

Рок на пријавување до 25.02.2017

Т.А. Одисеа Ви го честита Денот на жената 8-ми Март

 

Сподели!

3

Leave a comment

You are commenting as guest.