Designed by Сайт города Читы

Љубљана (автобус)

08.03.2018 – 12.03.2018  / 5 дена / 2 ноќевања

 

1 ден(08.03.2018 - четврток)  МАКЕДОНИЈА – ЉУБЉАНА

Тргнување од Скопје и поаѓање за Љубљана. Ноќно патување преку Србија и Хрбатска со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

 

2 ден (09.03.2018-петок)ЉУБЉАНА 

Пристигнување во Љубљана. Разглед на градот со локален туристички водич: споменикот и плоштадот на Франц Прешерн, Трите Мостови на реката Љубљаница, црквата св. Марија, Љубљанскиот дворец…Слободно време за прошетки низ Љубљана. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки низ градот. Ноќевање.

 

3 ден 10.03.2018 –сабота) ЉУБЉАНА – ПОСТОЈНА - ТРСТ (факултативна посета)

Појадок. Поаѓање на факултативна посета на Постојнска Јама - најпосетуваната туристичка атракција во Словенија. Патувањето продолжува кон Трст. Посета на дворецот Мира Мар во Трст. Разглед на градот: Piazza dell`Unita, кој е изграден во австриски стил и е единствениот што излегува на море, околу плоштадот има прекрасни згради, како Општината, Министерството за правда и типични италијански кафулиња. Препорачуваме да се напиете вистинско италијанско кафе во едно од најубавите кафулиња во Италија - Caffe San Marko со неверојатен амбиент и ентериер. Каналот Grande во близина на плоштадот на кој се наоѓа статуата во чест на James Joyce кој долго време творел во Трст. Враќање во Љубљана. Ноќевање.

 

4 ден (11.03.2018 – недела) ЉУБЉАНА – БЛЕД - БОХИЊ (факултативна посета)

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Слободно време за индивидуални прошетки низ Љубљана или факулативна прошетка до Блед и Бохињ. Разглед на Бледскиот остров и Бледскиот замок. Слободно време за уживање во градот и дегустирање на познатите кремпити. Можност за факултативно мини крстарење со  Pletna (традиционален Бледски чамец) и барокната Црква „Света Марија“ во која се наоѓаат одлично сочувани фрески, како и да заѕвоните за среќа и исполнување на желбите на прочуеното „Ѕвонче на желбите“. Продолжуваме кон Бохињ, и Бохињското глечерското езеро кое е најголемото природно езеро во Словенија и е вклучено во Националниот прак Триглав. Поаѓање за Македонија. Ноќно патување со попатни паузи за цариснки формалности.

 

5 ден (12.03.2018понеделник)МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во Скопје во предпладневите часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 31.01.2018 – 129 € (7.998 ден.)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  139 (8.618 ден.)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- превоз со високо туристички автобус

- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Љубљана

- разлед на Љубљана со локален туристички водич

- туристички придружник од агенцијата за време на целото патување,

- организација на аранжманот.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Туристичка такса 2 € на ден (се плаќа во агенција).

- факултативна целодневена посета на Постојна и Трст - 65 €

- факултативна посета на Блед и Бохињ - 25 €

- факултативно крстарење по Бледското езеро и влезница за црквата „Света Марија“

- индивидуални трошци

- патничко осигурување

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 13.06.2018 година.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Сподели!

5

Leave a comment

You are commenting as guest.