Designed by Сайт города Читы

Костур-Метеори (Автобус)

1 ден (10.03.2018 – сабота): БИТОЛА – СВ. АХИЛ – КОСТУР

Состанок на групата во 04:45 часот пред спортската сала “Младост”. Поаѓање во 05:00 часот за Грција. Пред пладне, пристигнување на Малото Преспанско Езеро и посета на островот Агиос Ахилеос (Св. Ахил) и базиликата. На островот Агиос Ахилеос (Свети Ахил) се наоѓаат остатоците од средновековниот град Преспа, подигнат од Цар Самоил во 10 век. Во руините на базиликата Свети Ахил во 1969 година е пронајден неговиот гроб. Поаѓање за Костур. Пристигнување после пладне. Со мала прошетка покрај Костурското езеро, посета на Манастирот Св. Богородица Мавровска, изграден во X век. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки низ градот познат по индустријата за производство на крзно, вечера во некоја од таверните, прошетки покрај убавото езеро кое изобилува со растителен и животнски свет... Ноќевање.

 

2 ден (11.03.2018 – недела): КОСТУР – МЕТЕОРИ – БИТОЛА

Појадок. После појадокот, одјавување од хотелот и поаѓање за Метеори. Околу пладне, пристигнување на Метеори, каде имаме посета на еден или два од неколкуте Византиски манастири (манастирот Свето Преображение и  манастирот Варлаам) кои се надвиснуваат над Каламбака. По разгледот – посета на работилница за изработка на црковни предмети и икони, кои се изработуваат според древната црковна традиција. Можност за факултативен ручек во некоја од многуте таверни во Каламбака и слободно време за прошетка низ улиците на малото гратче... Состанок на групата во претходно догворено време и планирано поаѓање за Битола во доцните попладневни часови. 

 

Цена на аранжманот: 1.980,00 денари

 

Начин на плаќање30 % од износот при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, 7 дена до поаѓање или на одложено плаќање на еднакви месечни рати.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • автобуски превоз на горенаведената релација
  • посета на островот Св. Ахил и базиликата
  • 1 НП во хотел во Костур
  • посета на Метеори
  • посета на работилница за икони
  • посета на Каламбака
  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • патничкото осигурување

 

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Сподели!

2

Leave a comment

You are commenting as guest.