Designed by Сайт города Читы

Карневал со Маски Венеција (Автобус)

Венеција... град чудо, град од соништата кој плени со своите разнобојни палати, канали, тесни улички, безброј мовчиња, мали плоштади... Волшебниот Венецијански карневал и гондолата се симболи на Венеција. Верона... асоцијација на љубовта позната по Шекспировата Ромео и Јулија и Милано градот на модата и фудбалот....

23.02.17  Поаѓање во 17.оо часот од Прилеп со туристички автобус. Патот води преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

24.02.17 Пристигнување во Трст во утринските часови. Слободно време за шопинг и прошетка низ центарот на градот. Се продолжува за  Лидо Ди Јесоло, сместување во хотел. Слободно попладне во Лидо Ди Јесоло - најголемиот и најмодерен туристички комплекс на  Италија.  Ноќевање.

25.02.17 Појадок. Целодневен излет со брод од Punto Sabione до Венеција и панорамско разгледување на градот со локален водич: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждевата палата,мостот на воздишките, мостот Риалто, каналот Гранде. Слободно попладне на волшебниот ВЕНЕЦИЈАНСКИ КАРНЕВАЛ - најголемата туристичка атракција како и можност за возење со Гондола – симболот на Венеција. Враќање во Лидо Ди Јесоло со брод. Ноќевање

26.02.17 Појадок. Факултативен излет до Милано - градот на модата и фудбалот, каде ќе се посетат: катедралата Дуомо, галеријата Виторио Емануел II - најстариот трговски шопинг центар, замокот Сфорцеско, Миланската скала - најпознатата оперска куќа и Верона - градот на Ромео и Јулија. Панорамско разгледување на градотголемата арена, куќата на Јулија, плоштадите Бра, Ербе и Дел Сињори, замокот Векио итн. Поаѓање за Македонија преку Словенија, Хрватска и Србија. Ноќно возење со попатни паузи. 

27.02.17 Пристигнување во Прилеп во попладневните часови.

 

Цена: 7900.oo денари

 

   Во цената се пресметани следните услуги:

- автобуски превоз на дадената релација

- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Лидо Ди Јесоло (Венеција).

- панорамско разгледување на Венеција со локален водич

- придружник на екскурзијата

   Во цената не се пресметани следните услуги:

- задолжително патничко здравстевно осигурување без франшиза (200 ден)  

- превоз со брод до Венеција од Punta Sabione (Лидо Ди Јесоло) - 15 евра

- целодневен излет до Верона и Милано - 20 евра

- влезници за културно историските споменици

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување
Напомена: Рок на пријавување до 17.02.2017 година.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А Одисеа и СКТМ.

Сподели!

2

Leave a comment

You are commenting as guest.