Designed by Сайт города Читы

Италија (Бари-Алберобело-Полињано ал Маре Остуни-Мартина Франка-Матера) (Автобус)

Image result for bari italy

Термин 07 Март

1 ден  07.03.2018 СКОПЈЕ-ДРАЧ-БАРИ:Состанок на групата во 10.00ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски.. Поаѓање во 10:30ч.Се патува преку Албанија гр.Ќафасан кон Драч. Сместување на брод. Бродот испловува во  22:30ч. Ноќно возење кон Бари. 

2 ден  08.03.2018БАРИ:Пристигнување во Бари во 08.00.  По царинските формалности заминуваме на разгледување на главниот град на Италијанската покраина Апулија  со локален водич (факултативно)... тврдината, романичката црква, катедралата на Бари, базиликата Св. Никола, заштитничка на морнарите... прошетка низ  срцето на градот - квартот Murattiano . Слободно време за индивидуални активности.  Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден  09.03.2018БАРИ-АЛБЕРОБЕЛО-ПОЛИЊАНО А МАРЕ: Појадок. По појадокот предлагаме целодневен факултативен  излет со водич во  Полињано а Маре и Алберобело .

  • Полињано а Маре - гратче со фасцинантен поглед и преубава плажа, тесни улички, бели фасади, барови на карпите на брегот...вброено е меѓу најубавите летувалишта во Италија. .. разглед со водич, слободно време за кафе и индивидуални прошетки.
  • Алберобело -  Градче како од бајка , распослано на две брда, познато по  белите автентични  куќички изградени од неправилен варовнички камен во 14 век -  наречени трули кои се главната туристичка атракција на Апулија.. Денес има уште 1500 вакви куќички кои се  под заштита на УНЕСКО од 1996 год. ... разглед со водич, слободно време за ручек  и индивидуални прошетки.

Во доцните попладневни часови враќање во Бари. Ноќевање.

4 ден  10.03.201БАРИ – МАТЕРА:Појадок. По појадокот предлагаме факултативен излет во Матера, планински град познат по старите населби кои датираат уште од палеолитот. Матера плени со необичниот изглед...таа е незаборавна, единственапосебнаи полна со изненадувања...  шетајќи низ нејзините  улици на момент ќе се прашате дали сте залутале во некоја филмска сцена. Матера е сосема поразлична од се што до сега сте виделе во Италија, затоа што повеќе потсетува на Блискоисточно одколку на европско место. Стариот град е под заштита на УНЕСКО и во него се наоѓаат старите пештери sassi во кои во минатото живееле луѓе, а подоцна во средниот век пештерите служеле како основа за градење на  средновековните куќи.

5 ден  11.03.2018 БАРИ – ОСТУНИ – МАРТИНА ФРАНКАПојадок. Одјавување од хотел. Предлагаме излетсо водич во Остуни и Мартина Франка.

  • Остуни  - Англичаните го нарекуваат “ chic градче”, а Италијаните  „La Città Bianca“ – бел град... сместено е на три брда  со интересна местоположба,  бели средновековни фасади, палати на древните италијански племски семејства,  тесни поплочени улички и величенствена готска катедрала во срцето на градот.  Разглед со водич, слободно време за кафе и индивидуални прошетки.
  • Мартина Франка – Инспиративно градче оивичено со старите градски зидини со барокна капија, која води до плоштадите,  колоритните поплочени улички  и импресивната Дуждева палата. ... разглед со водич, слободно време за ручек  и индивидуални прошетки.

Во договор со водичот состанок на групата и поаѓање кон пристаништето во Бари. Бродот испловува во 22 00ч.

6 ден 12.03.201ДРАЧ - СКОПЈЕПристигнување на пристаништето во Драч во 08 00ч. По царинските формалности патувањето продолжува кон Скопје. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 31 Јан   : 229/  14.200 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 239/  14.820 ден

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Драч –-Скопје
  • Превоз со брод на релација Драч-Бари- Драч (седиште на брод)
  • 3 ноќевања  со појадок  во хотел 3* НП во Бари
  • Организација и водство на програмата
  • Лиценциран туристички придружник
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес, Охрид,

(Организираниот трансфер може да биде во утринските часови, а точно време на поаѓање се утврдува 1 ден пред терминот на поаѓање)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување  180 денари (за лица до 60 год)
  • Разглед на Бари со локален водич 10 €
  • Излет Алберобело –  Полињано а Маре -  30 €
  • Излет Матера -  20 €
  • Излет Остуни – Мартина Франка -  30 €
  • Доплата за бродска кабина Драч-Бари  - Драч -20 €
  • Туристичка такса  Бари 3€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)
  • Доплата за еднокреветна соба – 3.720 ден

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Попустите не се комбинираат
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Т.А. Одисеа
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.

Сподели!

1

Leave a comment

You are commenting as guest.