Designed by Сайт города Читы

Истанбул (автобус 2 ноќевања)

(08.03.2018-11.03.2018) 

Прв ден: 08.03.2018 (четврток) 17:00 часот заминување на групата од Битола и во 18:00 часот и поаѓање кон Истанбул. Ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори. 

Втор ден: 09.03.2018 (петок)  Пристигнување во Истанбул во претпладневните часови. Прошетка и разгледување на античкиот и средновековниот Истанбул со локален туристички водич : Плоштадот Бајазит и Бајазитовата џамија, Сината џамија, организирана посета на Музејот „Аја Софија“ (факултативно) и на Султанскиот дворец Топ Капи (факултативно). Потоа сместување во хотел 3***. Слободно попладне.  Ноќевање.

Трет ден: 10.03.2018 (сабота) Појадок. Организирано заминување на разглед со локален туристички водич. Посета на дворецот Долма Бахче Сарај (факултативно), а потоа крстарење со брод по Босфор (факултативно), каде ја имате единствената можност да ги видите  палатите изградени од двете страни на Босфорот. Потоа заминување на групата кон  највисоката зграда во Европа Sappire Seyir Terasi (236м.) која на последниот кат нуди неверојатна панорамска глетка на Истанбул под агол од 360*. Можност за кино проекција со четиридимензионална симулација – да се надлета со хеликоптер Истанбул и да се видат  најзначајните знаменитости на градот. Враќање во хотелот. Вечерта, вечера во GAR вариете со турска шоу програма и музика  (факултативно ). Ноќевање.

Четврти ден: 11.03.2018 (недела) Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон шопинг центарот MOL FORUM.Слободно време за шопинг и за индивидуални активности. Во попладневните часови заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во Македонија на 12.03.2018(понеделник) во утринските или претпладневните часови

Промотивна цена за уплата до 31.01.2018.......89 евра (5518 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........119 евра (7.254 денари)

(плаќање во денарска противвредност) 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 31. јануари

и целосна доплата до 28. Февруари


Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз на наведената релација со модерен туристички автобус

-  Две ноќевања со појадок во хотел  3 *** во Истанбул

-  Локален туристички водич во Истанбул

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

- Посета на Музејот „ Св. Софија “ – 15 евра ( вклучена влезница и локален водич)

- Посета на султанскиот дворец Топ Капи – 15 евра ( вклучена влезница и локален водич)

- Посета на Долма Бахче Сарај – 25  евра ( вклучена влезница и локален водич)

- Крстарење со брод по Босфор – 15 евра

- Посета на највисоката зграда Sappire Seyir Terasi – 20 евра- (вклучен автобуски  превоз, лифт,  4 Д симулација и локален водич)

- Вечера во GAR вариете со турска шоу програма и музика – 30 евра

- Патничко  осигурување.

 

Сподели!

8

Leave a comment

You are commenting as guest.