Designed by Сайт города Читы

Будва-Дубровник-Цетиње-Острог (Автобус)

budva-cetinje-ostrog

БУДВА – ДУБРОВНИК – ЦЕТИЊЕ - ОСТРОГ

02.03.17 Поаѓање во 22.оо часот со автобус, преку Албанија за Будва.
03.03.17 Пристигнување во Будва во утринските часови,посета на св. Стефан - едно од најатрактивните места во Црногорското приморје,  сместување во хотел или апартмани. Попладнето  прошетка во стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите Св. Иван, Св. Марија... Ноќевање.
04.03.17 Факултативен целодневен излет до Дубровник, преку Тиват со брод - траект. Пристигнување во Дубровник и кратко разгледување на  стариот дел на градот: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св. Влах, Дубровачката катедрала итн. Враќање за Будва преку Тиват со брод - траект. Факултативна вечера во ресторан со музика. Ноќевање.
05.03.17 Целодневен излет до Цетиње - старата престолнина на Црна Гора, со Цетинскиот манастир - симболот на Црногорската духовност, во кој се најдуваат моштите на св. Јован Крстител, палатата на Крал Никола, Плавата палата, палатите на  конзулатите. Потоа се продолжува за Манастирот св. Василие Острошки, сместен високо на карпест планински масив и е најголемо Црногорско светилиште и  манастир на Балканот. Основан е од Василије во 17 век и се верува дека моштите на св. Василије Острошки се чудотворни кои се најдуваат во Горниот Манастир. Посета на трговскиот шопинг центар Делта Сити во Подгорица, па преку Скадарското езеро продолжување за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.
06.03.17 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови (2-3 часот).

Цена: - 3900 денари во студија и апартмани - 2 ноќевања

 Во цената е вклучено:
- автобуски превоз на дадената релација

- 2 ноќевања во студија во Будва
- целодневен излет до Цетиње и Острошкиот манастир
- организација и придружник на патувањето.
Во цената не е вклучено:
- патничко здравствено осигурување - без франшиза (200 денари)

- целодневен излет до Дубровник  (10 евра)
- свечена вечера со музика (20 евра)
- влезници за културно историските споменици,
- превоз од Долниот до Горниот манастир Острог - повратна (2 - 3 евра)


Напомена: Рок на пријавување до 25.02.2017 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
Т. А. Одисеа Ви го честита Денот на жената 8-ми Март.


Сподели!

3

Leave a comment

You are commenting as guest.