Designed by Сайт города Читы

Будимпешта-Виена (Автобус)

budapest-wien

БУДИМПЕШТА...Убавицата на Дунав, формирана од двата града Будим и Пешта, со впечатлива архитектура и уште повпечатливиот танц на Унгарската “ Чарда “    и најромантичното крстарење под мостовите на Дунав…

Виена . Една од најстарите метрополи во срцето на Европа, некогашен главен град на Австро - Унгарската Монархија, посетен од милиони туристи поради многубројните културно историски споменици ,дворци (Белведере, Шенбрун ...),светска музичка престолнина - град во кој живееле композитори како што се Моцарт, Бетовен...

09.03.2017 Поаѓање во 16.30 часот со туристички автобуси, преку Србија. Ноќно возење со попатни одмори.

10.03.2017 Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Разгледување на Будимпешта со локален водич и тоа: Будим: Цитаделата, Тврдината на Кралските палати, Црквата на Кралот Матејаш, Рибарска Тврдина и др. Пешта: Споменикот на Милениумот или Плоштадот на хероите: Градскиот парк, улиците Андраш и Ракочи; Црквата св. Стефан, мостовите  на Дунав ... Слободно време за кратка прошетка низ центарот на градот по пешачката зона на улицата Ваци. Сместување во хотел. Вечерта факултативна вечера во национален ресторан  Чарда   со програма и музика. Ноќевање.

11.03 Појадок. По појадокот факултативен целодневен излет до ВиенаРазгледување на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, Виенската опера,катедралата св. Стефан,дворците Белведере и Шенбрун. Слободно време во центарот на Виена. Враќање во Будимпешта. Ноќевање.

12.03 Појадок. Факултативно крстарење со брод по Дунав. Слободно време за  посета на трговски шопинг центар како и прошетка низ центарот на градот по пешачката зона на  улицата Ваци... Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

13.03 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

 

ЦЕНА: 5600.оо ден.

 

Во цената е вклучено:

- автобуски превоз на дадената релација

- сместување во хотел со 3* на база  2 ноќевања со појадок  во Будимпешта

- разгледување на Будимпешта  со локален водич

- организација и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:

- задолжително патничко здравствено осигурување  без франшиза - 200 денари

- крстарење со брод по Дунав - со чаша  шампањско  - 15 евра

- целодневен излет до Виена и разгледување со локален водич - 20 евра

- вечера во национален ресторан  “Чарда” - 25 евра

- влезници за културно историските споменици.

 

Напомена: Рок на пријавување до 25.02.2017 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.


Т.А. Одисеа Ви го честита денот на Жената “8 ми Март”

Сподели!

3

Leave a comment

You are commenting as guest.