Designed by Сайт города Читы

Белград-Нови Сад-Сомбор (Автобус)

Image result for novi sad

БЕЛГРАД: Сместен на вливот на реката Сава во Дунав, град со богата историја.
НОВИ САД: Сместен на реката Дунав, познат по Петроварадинската тврдина.
СОМБОР: Град на фијакерите, град на тамбурашка музика и Етно Салаши.
09.03.2017
Поаѓање за Белград во  23.45 часот, преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.
10.03.2017
Пристигнување во Белград во утринските часови, разгледување на градот со  локален водич: плоштадите Теразије, Славија,храмот Свети Сава, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Воениот музеј, Споменикот на победникот итн. Сместување во хотел. Попладнето слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот по улицата Кнез Михајлова и Калемегдан. Ноќевање.
11.03.2017
Појадок. После појадокот посета на трговскиот шопинг центар Ушче како и слободно време во центарот на Белград. Можност за факултативно крстарење со сплав по Сава и Дунав. Ноќевање
12.03.2017
Појадок .Факултативен целодневен излет до Нови Сад - разгледување со  локален водич:улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот  двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро- варадинската тврдина...Продолжување за Сомбор со кратка прошетка во  центарот на градот а потоа посета на “Салаш”–каде имаме  пречек со домаша ракија и богат ручек со специјалитети на Војводинската кујна и домашни пијалоци(неограничено), во незаборавен амбиент придружуван од тамбурашка музика. Вечерта поаѓање за Македонија ,ноќно возење со попатни паузи.
13.03.2017.
Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.

 

ЦЕНА:  5400.оо денари

 

Во цената се вклучени следните услуги:
- автобуски превоз на дадената релација
- сместување во хотел со 3* - 2 ноќевања со појадок
- разгледување на Белград со локален водич
- лиценциран придружник на аранжманот

Во цената не се вклучени следните услуги:
здравствено патничко осигурување - 200 денари

- целодневен излет до Нови Сад - разглед со водич, посета на Сомбор и  богат Салашки ручек со неограничени пијалоци и тамбурашка музика  - 30 евра
крстарење по Сава и Дунав – 10 евра
влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици

Напомена: Рок на пријавување до 25.02.2017 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување

Т. А. Одисеа  Ви го честита денот на Жената “8 - ми Март”

Сподели!

2

Leave a comment

You are commenting as guest.