Designed by Сайт города Читы

Белград една ноќ (Автобус)

nvsad-sombor-bg

БЕЛГРАД: Сместен на вливот на реката Сава во Дунав, град со богата и бујна историја.Боемскиот кварт - Скадарлија, тврдината Калемегдан, улицата Кнез Михајлова , како и многу други знаменитости достојни се за почит.

1 ден 03.03.2017 Поаѓање за Белград од пред  агенција  во  23.30 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.

2 ден 04.03.2017 Пристигнување во Белград во утринските часови, разгледување на градот со локален водич:плоштадите Теразије,  Славија, храмот Свети Сава, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Воениот музеј,Споменикот на победникот итн. Сместување во хотел Попладнето слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот по улицата Кнез Михајлова и Калемегдан. Факултативно - вечера со тамбурашка музика на Скадарлија. Ноќевање.

3 ден 05.03.2017 Појадок. После појадокот излет до Нови Сад - разгледување со  локален водич:улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот  двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро- варадинската тврдина. Попладнето поаѓање за Македонија со посета на трговскиот шопинг центар во Инџија.Пристигнување во Прилеп во ноќните или раните утрински часови на 06.03.2016 година.

 

ЦЕНА:  3900.oo денари

 

Во цената се вклучени следните услуги:

 - автобуски превоз на дадената релација

 - сместување во хотел со 3* - 1 ноќевања со појадок

 - разгледување на Белград со локален водич

 - лиценциран придружник на аранжманот.

 

 Во цената не се вклучени следните услуги

- здравствено патничко осигурување - 100 денари

- вечера со тамбурашка музика на Скадарлија - 25 евра

- крстарење по Сава и Дунав – 10 евра

- влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици.

 

  Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

Напомена:  Рок на пријавување  до 24.02.2017 година.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Одисеа и СКТМ

Сподели!

4

Leave a comment

You are commenting as guest.