Designed by Сайт города Читы

Барцелона (авион)

со ДИРЕКТЕН ЛЕТ ОД СКОПЈЕ и БЕСПЛАТНИ 10kg БАГАЖ

04.03 - 07.03.2018

 

Барселона или „каталонската кралица“ е четвртиот најпосетуван град во Светот. Величествен град со прекрасна убавина, кој живее 24 часа дневно. Уживајте во прошетката низ главната градска улица „Рамблас“, застанете покрај живописните човечки статуи или некој од многубројните улични сликари или пак прошетајте низ Готскиот кварт. Уживајте во уметноста на Антонио Гауди и неговата ексцентрична катедрала „Саграда Фамилија“ и паркот „Гуел“. А ако сте навивач на Барселона, тогаш стадионот „Ноу Камп“ е место, кое треба да го посетите.

 

 1 ден: (04.03.2018 – недела ) - СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:00 часот. Полетување за Барселонa во 18:00 ч. Пристигнување во Барселона во 20:45 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

2 ден: (05.03.2018 – понеделник ) -БАРСЕЛОНА (ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД, РАМБЛАС, АКВАРИУМ, МАРЕМАГНУМ)

Појадок во хотел. Организиран факултативен панорамски разглед на Барселона: плоштадите Каталонија и Шпанија, магичната фонтана, авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо, Каса Мило, катедралата Саграда Фамилија (40 минутен разглед), Олимпиското пристаниште, ридот Монт Жуик (Montjuïc) со стадионот (5 минутен разглед) и Спортската Палата, Шпанското село, Готскиот кварт (50 минутен разглед). Прошетка низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во Светот. Потоа ќе имате можност за факултативна посета на Аквариумот http://www.aquariumbcn.com/en – еден од најголените и најубавите аквариуми во Европа. Следува слободно време за индивидуални активности и можност  во шопинг центарот „Маремагнум“  за кафе пауза, ручек или  шопинг. Навечер Ви препорачуваме посета на Шпанскиот плоштади на Магичните фонтани. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден: (06.03.2018 – вторник ) - - БАРСЕЛОНА (ПАРК ГУЕЛ–ТИБИДАБО–ШПАНСКО СЕЛО; НОУ КАМП, ФЛАМЕНКО)

Појадок во хотел. Ви нудиме факултативен излет (5 часа) за да поминете прекрасен ден низ парковите на Барселона. Првин одиме во посета на паркот Гуел, кој е едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и знаменитост на Барселона. Продолжуваме потоа кон Тибидабо, највисоката точка во Барселона на 512 метри надморска височина, од каде може да ја видите Барселона на дланка, а тука се наоѓа и црквата од неоготски стил „Саграт кор“.  Потоа се упатуваме кон Шпанското село и го посетуваме овој музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX  век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија. Факултативен полудневен излет до еден од најпознатите стадиони во светот – „Ноу Камп“ на кој игра фудбалскиот клуб „Барселона“. Ќе имате можност да го видете музејот на клубот со многубројните трофеи. Враќање во хотел со метро. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

4 ден: (07.03.201- понеделник) - БАРСЕЛОНА – ФИГЕРАС – ГИРОНА – БАРСЕЛОНА ; СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Целодневен  факултативен излет за Гирона и Фигерас. Првин поаѓаме за Гирона, кој се наоѓа во близина на Франција. Посебен шарм на градот му даваат зидините од римскиот период, а од кулите, кои се претворени во видиковец имате прекрасен поглед на градот и околината. Потоа, имаме разглед на градот, на најстариот еврејски кварт во Европа и готската катедрала. Слободно време. Патувањето го продолжуваме кон Фигерас и посета на музејот на Салвадор Дали, кој е е сместен во неговата семејна палата, а изложбата е компилација од уметничките дела на Дали од разни периоди на неговото творештво. Враќање кон Барселона. Слободно време за индивидуални прошетки. Трансфер до аеродормот во Барселона е во 19:00 часот. Чекирање и пасошки и царински формалности. Летот за Скопје е во 21:15  часот. Пристигнување на скопскиот аеродром во 23:55 часот.

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ за уплата до 15.12.2017 : 299€ / 18.538 ден.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ за уплата од16.12.2017 : 349€ / 21.638  ден.

Доплата за еднокреветна соба 125 €/7.750 ден.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Скопје – Барселона – Скопје со авикомпанија Wizz Air
  • Голема кабинска торба 10 kg БАГАЖ вклучени во цената
  • Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во во двокреветни соби во хотел 3*,
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Аеродромски такси по лице се 3.100  денари,
  • Туристичка такса се плаќа во хотел – 1 € по лице на ден,
  • Билети за јавен превоз со метро
  • Патничко осигурување

     

     

    ФАКУЛТАТИВИ :

    ПАКЕТИ :

  • Панорамски разглед и Аквариум – 40 €
  • Паркови, Ноу Камп и Фламинко – 120 €

     

    ЦЕНИ ЗА УПЛАТА ВО АГЕНЦИЈА :

    • Организиран панорамски разглед на Барселона со водич и  трансфер – 26 €
    • Посета на Ноу Камп (претставник од агенција, билет и трансфер во еден правец, враќањето е со метро и не е вклучено во цената) – 34 € / само билет 24 €,
    • Посета на Парковите на Барселона (Парк Гуел, Тибидабо, Шпанско село) со водич и билет – 55 €,
    • Посета на Гирона и Фигерас (водич, билет и трансфер) – 65 €,
    • Фламинко шоу со пијалок - 40 €, со вечера 55 €
    • Аквариум  (влезница и претставник од агенција) - 21 €,

      ЦЕНИ ЗА УПЛАТА НА ЛИЦЕ МЕСТО :

    • Организиран панорамски разглед на Барселона со водич и  трансфер – 32 €
    • Посета на Ноу Камп (претставник од агенција, билет и трансфер во еден правец, враќањето е со метро и не е вклучено во цената) – 36 € / само билет 26 €,
    • Посета на Парковите на Барселона (Парк Гуел, Тибидабо, Шпанско село) со водич и билет – НЕ СМЕ ВО МОЖНОСТ ДА КУПИМЕ  БИЛЕТИ НА ЛИЦЕ МЕСТО
    • Посета на Гирона и Фигерас (водич, билет и трансфер) – 75 €,
    • Фламинко шоу со пијалок - 45 €, со вечера 60 €
    • Аквариум  (влезница и претставник од агенција) - 24 €,

 

 ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 08.06.2018 година.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

Задолжително пријавување за факултативите во агенција до 20.02.2018 и минимум пријавени патници за  реализација: 20.

Сподели!

1

Leave a comment

You are commenting as guest.