Designed by Сайт города Читы

Азурен Брег (Автобус)

02-n

МИЛАНО-САН РЕМО-МОНАКО-МОНТЕ КАРЛО-КАН-НИЦА-ВЕРОНА

07.03 Поаѓање во 10:00 часот патот води преку Србија, Хрватска  и Словенија. Ноќно возење со попатни паузи.
08.03  Пристигнување во Милано, сместување во хотел. Попладнето разгледување  на градот, тврдината Сфорцеско, Пјаца Дуомо каде се наоѓа најголемата готска катедрала, потоа најстариот трговски шопинг центар и галерија Виторио Емануеле, Миланската опера една од најпознатите оперски куќи во светот... Слободно време. Ноќевање.
09.03 Појадок. Поаѓање за Сан Ремо и пристигнување во пладневните часови, сместување во хотел. Во попладневните  часови факултативна посета на Монако и Монте Карло со попатна посета на парфимеријата Галимард во Ез. При посетата на Монако може да се посетат: Океанографскиот музеј, Кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини, патеката на Ф1 а вечерта посета на познатите коцкарници во Монте Карло. Враќање во Сан Ремо. Ноќевање.

10.03 Појадок. Целодневен факултативен излет до монденскиот Кан - градот на фестивали- те со прошетка по булеварот Кроасета со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, ривиерата... Потоа продолжување за Антиб - познато туристичко градче на Азурниот брег и слободно време за индивидуални прошетки. Потоа посета на Ница со прошетка по Англиското шеталиште како и низ стариот дел на градот каде може да се видат: Кралската опера, плоштадот Солеја, палатата на правдата...Враќање во Сан Ремо. Ноќевање.
11.03 Појадок
. Поаѓање за Македонија со попатна посета на Верона при што можат да се видат: Арената, куќата на Јулија, плоштадите Бра, Ербе и Дел Сињори, замокот Векио... Потоа продолжување преку Словенија, Србија...Ноќно возење со попатни паузи.

12.03  Пристигнување во Македонија во пладневните часови.

 

ЦЕНА: 11900 ден.

 

Во цената е пресметано:
- превоз со високо туристички автобус на наведената релација, 

- сместување во Милано во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок, 
- сместување во Сан Ремо во хотел  3* на база 2 ноќевања со појадок, 
- посети на Милано, Сан Ремо,Верона...
- организација и лиценциран туристички придружник на патувањето. 
Во цената не е пресметано: 
задолжително патничко осигурување 

- Факултативна посета на Кан, Антиб и Ница - 20 евра
- Факултативна посета на Монако, Монте Карло - 20 еур
- влезници за културно историски споменици и музеи.
Напомена: Рок на пријавување до 24.02.2017 година.

Т. А. Одисеа Ви го честита денот на Жената “8 - ми Март”

Сподели!

8

Leave a comment

You are commenting as guest.