Designed by Сайт города Читы

Атина-Пелопонез (Автобус)

01

АТИНА - лулката на Западната цивилизација, најстара престолнина со преку 3400 години историја, моќен Антички град - држава.
1 ден 02.03.17 Поаѓање во 23.00 ч преку Гевгелија, ноќно возење со попатни паузи.
2 ден 03.03.17 Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со локален водич: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол... Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
3 ден 04.03
.17 Појадок. Факултативен целодневен излет до Пелопонез со локален водич. Посета на Коринтскиот канал, најакустичниот амфитеатар од Античка Грција - Епидаурус, гратчето Нафплион - првата престолнина на Грција, Микена - Античкиот град на Кралот Агамемнон и гробницата на Агамемнон.

Враќање во хотел. Вечерта факултативно вечера во Таверна на Плака со богато мени и програма на грчки песни и игри. Ноќевање.
4 ден 05.03
.17 Појадок. Слободно предпладне. Потоа излет до најголемото пристаниште  на Балканот - Пиреја и нејзините Марини, како и Глифада – популарно излетничко место на Атињаните. По посетата, патувањето продолжува за Македонија, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили, Лариса, ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 06.03.17 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови (2-4 часот).

ЦЕНА: 5900 денари

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Автобуски превоз на наведената релација
- Сместување на база  2 НП во хотел со 3*
- Разгледување на Атина со локален водич
- Посета на Пиреа и Глифада
- Организација на аранжманот и придружник на групата

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување - без франшиза (200 денари)

- Факултативен целодневен излет до Пелопонез со локален водич - (20 евра)
- Вечера во Таверна со програма (25 евра)
- Влезници за локалитетите и други факултативни посети.

 Напомена: Рок на пријавување до 25.02.2017 година
 Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување    

 Т. А Одисеа Ви го честита денот на Жената “8 ми Март”

Сподели!

3

Leave a comment

You are commenting as guest.